WordPress Спецификации

WordPress Content Management System Општи Карактеристики:

Generated by WebThumbnail.org

Комплетна стандардизирана согласност
WP отиде во големи должини за да бидете сигурни дека секој WordPress генериран код е во потполна согласност со стандардите на W3C. Ова не е важно само за интероперабилноста со пребарувачите денес, туку исто така и за напредната компатибилност со алатки од следната генерација. Вашиот веб сајт е убава работа, и не треба да барате ништо помалку од тоа.

Нема обновување
Направените промени во шаблоните или записите се гледат веднаш на вашиот сајт, без потреба од генерирање статични страници.

WordPress Страници
Страниците ви дозволуваат да управувате лесно со не блог содржината, па на пример може да имате статична “За нас” страница, со која управувате преку WordPress. Како идеа за тоа колку моќно е ова, посетете го сајтот WordPress.org каде можете сами да креирате WordPress.

WordPress Линкови
Линкови ви овозможува да креирате, сервисирате и ажурирате било кој број на blogrolls преку вашиот администрациски интерфејс. Ова е многу побрзо отколку да повикувикате надворешен блогрол менаџер.

WordPress Теми
WordPress доаѓа со целосен тематски систем кој дизајнира се, од наједноставни блогови до најкомплицираните web-ви, а може да има и повеќе теми, со сосема различни погледи на кои можете да преминете со еден клик. Па така имате нов дизајн за секој ден.

Вкрстени комуникациски алатки
WordPress целосно ги поддржува и двете и Trackback и Pingback стандарди, и нивниот развоен тим е посветен на поддршката за идните стандарди како се развиваат.

Коментари
Посетителите на вашиот сајт може да остават коментар на поедини теми, преку Trackback или Pingback можеме да коментираме на сопствените сајт. Можете да дозволите или оневозможите коментари на општа основа.

Заштита од спам
WordPress доаѓа со многу стабилни алатки, како интегрирана црната листа и отворен прокси проверка, управуваање и елиминирање на спамот од вашиот блог, и овде има исто така богата палета на додатоци кои можете да ги искористите за функционалноста во понатамошните чекори.

Целосна регистрација на корисници
WordPress има вградено корисничкиот систем за регистрација (се разбира ако ја вклучиш оваа опција) може да им се овозможи на посетителите да се регистрираат, одржување на профили, како и внес на автентични коментари на веб сајтот односно блогот. Опционо можете да ги оневозможите коментарите за нерегистрирани корисници. Исто така, постојат додатоци со кои се овозможува пристап до коментарите само до одредено ниво на корисници.

 

 

info@makhost.net