Изберете Хостинг за својата Веб Презентација

Кој Хостинг Сервис да го Одберете?

Тешко е да се провери квалитетот на услугата која ја нудат нашите хостинг фирми, но можете да си олесните ако испратите емаил порака со предложената содржина и споредете го следниве категории.

  • брзината на добивање одговор,
  • цена на пакетите,
  • каква подршка нудат,
  • каква веб презентација имат.

 

Емаил пораката може да биде со следната содржина.

 

Почитувани,
Заинтересиран сум за закуп на хостинг кај вас, и ме интересират следниве податоци:

  1. Колку бази можам да одворам (и дали се наплаќаат дополнително), бидејќи немам одлучено за Windows или Linux ме интересираат и двата.
  2. Кој контрол панел користите
  3. Дали правите back up и колку често
  4. Имате ли подршка преку мрежен messenger
  5. Дали посредувате при регистрацијата на .mk домени и колку тоа чини

Исто така ме интересира цената на пакет од 5 GB простор и 50 GB месечен сообраќај.
Благодарам,

 

Се надеваме дека ова ќе ви помогне при изборот на вашиот хостинг сервис .