Хостинг Подршка! – Што е подршка?

 

Не грижете се, ние сме овде за вас!

  • Сите сервери се под 24 часовен надзор.
  • Подршка пружаме исклучиво преку тикет системот.

Ве известуваме дека подршка не даваме преку телефон. Поради сигурност и евиденција на нашите постапки, подршката искличиво ја пружаме преку тикет системот. На вашите прашања одговараме секој работен ден од 09h – 17h, одговорот ќе го добиете во најкраток можен временски рок (најчесто за еден час).

Што спаѓа во бесплатна подршка Што не спаѓа во бесплатна подршка
Не работи емаил/web-mail Не работат логин податоците за CMS
Не работи SQL Се појавуваат грешки на сајтот
Сајтот не е видлив Подесување на скрипта за испраќање емаил
Подршка за домени Чистење од phishing/malware код
Функции на cPanel-от Подесување на htaccess фајлот
Поврат од backup Отварање емаил налози
Инсталација на CMS Не работи додатокот на CMS-от
Бесплатна миграција Извештаи за посетеност на сајтот
Промена на главниот домен Подесување на Cron job.
 

 

Чекор напред – Премиум подршка

Ние пружаме повеќе од другите хостинг провајдери во смисол дека ќе ви излеземе во пресрет во случај ако имате некој мал проблем а кој не спаѓа во бесплатната подршка и не знаете како да го решите. Сепак, имајте во предвид дека и ние очекуваме награда за нашиот труд.
Во колку имаме време во тој момент и можеме да ви помогнеме, нашиот работен час е 60€ и се смета во инкременти од по 15 минути. Со консултација за наша подршка можете да побарате помош.

 

Услуги кои клиентите најчесто ги барат од нас

  • SEO оптимизација на сајт – 60€
  • Поставување на google analytics за сајтот – 20€
  • Update на WordPress или Joomla – 30€
  • Правење на backup на сајтот – 10€
  • Чистење на налогот од hack-ови и вируси – 20 – 40€

 

Прашања

Имам проблем а не ви е работно време. И што сега да правам?

Имате две опции – да почекате до почетокот на работното време или да закупите сервер и пакет на подршка кој вам ви одговара. Ако вашиот бизнис е толку важен и може да претрпи финансиски губитоци затоа што некој не одговара на вашиот тикет преку викендот, тогаш дефинитивно е погрешно да купите делен хостинг – вам ви треба сервер и посебна подршка. Во тој случај контактирајте не како би ве посоветувале.

Зарем хостинг фирмата нема 24h подршка?

Ние имаме 24h подршка за серверите каде се наоѓат вашите веб презентации. На пример, ако се случи некој проблем со серверот во 3 наутро, ние ќе реагираме веднаш. На прашања од корисниците преку тикет системот одговараме во работните денови од 09 – 17 часот.