cPanel и Fantastico

 
cPanel е најпопуларниот панел за контрола на вебсајтот и има мноштво опции со кои на едноставен и интуитивен начин се врши целосна контрола на хостингот. Со cPanel едноставно можете да отварате нови email адреси, да го подесите автореспондерот, да ја пратите статистиката на посети, слободниот простор на дискот, да паркирате нови domain, да поставите редирекција, направите своја 404 страна, контрола на FTP, контрола на базата со податоци MySQL, направете backup на сајтот, подесете FrontPage екстензии, поставите бројач на посети, книга на посетители (guestbook), да направете forum, поставите shopping cart за продажба преку интернет, поставите cron (апликација која се извршува автоматски и периодичноо), да подесите hotlink заштита, прегледате email преку web-от (webmail), да забраните пристап од одредена IP адреса….

cPanel-от е вклчен во сите понудени hosting пакети. За да пристапите на cPanel од вашиот сајт едноставно впишете www.вашdomain.com/cpanel, а потоа внесете ваш username и password.
Демо погледнете овде

 

Fantastico

 
Fantastico е пакет кој содржи преку 50 PHP скрипти и е интегриран во Panel. Во случај да посакате да користите некоја од овие скрипти инсталацијата се извршува со “еден клик”. Оваа е многу корисно во одредени случаи. Од левата страна се наоѓа комплетен список на скрипти од Fantastico, a од десната се предлози на најпопуларните скрипти на интернет. Fantastico е овозможен на сите МакХост-Адриахост хостинг пакети.

Е една од најнапредните платформи која овозможува едноставно да поставите блог или пак сајтот целосно го базирате на блог концепт.
WordPress е алатка за развој и објавување на персонални презентации и блогови а пред се со фокус на естетскиот профил, подржува алатки за вкрстени мулти-блогови, содржини заштитени со лозинка, внесување на содржини од скоро сите апликации, проширлив број на автори, букмарклети.
Онаа што WordPress го прави високо над конкуренцијата се големите можности на прилагодување на дизајнот, техничките параметри и интерактивноста..

Joomla! е еден од сигурно најмоќните бесплатни системи во светот за управување со содржини (CMS) со отворен код. Се користи ширум светот, скор за се од едноставни сајтовидо комплексни веб апликации за корпорации. Joomla! едноставно се инсталира, лесно се подесува и многу е сигурна.

Drupal е (CMS) систем за управување со содржини напишан во програмскиот јазик PHP и отворен код . Мрежна апликација која се справува со приказ на содржини без некоакво посебно предзнаење или знаење за јазикот со кој е програмиран овој систем. Drupal функционира на неколку различни платформи, под претпоставка дека оперативниот систем ги поддржува еден од двата мрежни опслужувачи Apache или IIS, потребна е и инсталација на MySQL или PostgreSQL базите на податоци.

PHP Nuke е еден од најпопуларните порталски скрипти а свртени пред се кон Интернет заедниците. Нуди завиден избор на модули и јазици.

PHPbb е нашироко распространет слободен форум (скрипта), препознатлив по стабилно работење, едноставен кориснички интерфејс и административен панел, функционален изглед, добро се скалира-прилагодува на различни големини и резолуции на мониторот, а возможно е и негово прилагодување за различни потреби.

Zen Cart представува уметност во изведбата на е-купување, бесплатен и лесен систем за електрондко купување со отворен код. Развиен од сопственик на вебсајт за е-купување, програмери и дизајнери а со единствена цел да биде едноставен и разбирлив.

Moodle ова е систем за управување со курсеви преку интернет. Достапен на преку 34 јазици. Предавачот има целосна контрола над сите аспекти на курсот. Содржи флексибилен избор на активности (форуми, дневници, тестови, квизови, изборници, ресурси, истражувања, работни групи и chat), најава и следење на активностите на корисниците.

WHM

 
WHM е контролен панел наменет за одржување на сервери. Доаѓа во пакет со cPanel, и во моментов важи за еден од најдобрите контролни панели за одржување и мониторинг на сервери.