.com | .org | .info | .biz | .net | .me

 

Трансфер на домен

Во колку веќе имате регистриран домен, можете да извршите негов трансфер и преусмерување.

Трансфер на домен подразбира промена на регистраторот, односно фирмата или лицето кое за ваши потреби врши регистрација и одржување на истиот. Регистраторот на ваше барање врши промени на доменот како што е негово преусмерување, продолжување, активирање на дополнителни услуги поврзани со доменот и слично. Ако веќе имате регистрирано домен на друго место, а сте закупиле некој од нашите хостинг пакети, ви препорачуваме да извршите и трансфер на доменот како би ја олесниле целокопната работа на сајтот.
Трансферот на доменот се наплатува по иста цена како и регистрација на домен, а во цената е пресметан и самиот трансфер како и една година продолжеток на регистрацијата на доменоткоја се смета од денот на завршувањето на трансферот.

НАПОМЕНА
Трансфер на доменот НЕ МОЖЕ да се врши 60 дена по регистрацијата на доменот или до колку до истекот на валидноста на доменот останало помалку од 30 дена.

Преусмерување или преселување на доменот подразбира промена на DNS-овите на доменот во смисла усмерување на некој друг хостинг. Преусмерување не значи и трансфер. Преусмерување на доменот е бесплатно, а се врши исклучиво на барање на сопственикот на доменот. Во колку имате регитрирано домен на некое друго место, а сте закупиле хостинг кај нас, неопходно е да се изврши преусмерување на доменот на нашите DNS-ови како би можел сајтот да биде видлив.
Важно е да знаете дека за завршеток на преусмерувањето е потребно 24 до 48 часа за да би било комплетно извршено.

Ако сакате да извршите трансфер (префрлување) на вашиот домен тоа можете да го сторите овде.

 

Повеќе за администрирање на домени и други услуги…
Регистрација на Домен Whois заштита на домен SSL сертификати

 

MakWin The Best Macedonian Website
Advertisement