Gmail како Default емаил клиент

Поставете го Gmail

за Default емаил програм во Mozilla Firefox

Згодна можност за сите оние што користат Google Mail и Mozilla Firefox но и за оние што користат Yahoo или некоја друга десктоп апликација за прием на и испраќање на електронска пошта. Кога на некој од сајтовите ќе наидете на емаил линк и ќе посакате да испратите електронска порака, со килкнување на тој линк како претходно одреден најчесто се отвара Outlook Express, секако доколку не користите некој друг програм за работа со електронската пошта. Во случај да користите Gmail, тогаш можете во Firefox да извршите подесување. Секогаш кога ќе кликнете на емаил линк да се покренува-отвара Gmail, така што ќе можете веднаш да испратите емаил порака.

gmail klient

Gmail како Default емаил клиент


Како да извршите подесување за оваа? Во Firefox одете на Tools – Options – Applications, па од прикажаната листа изберете mailto. Од десната страна ќе се појави скалесто мени, со клик на стрелката ќе се отвори изборник со неколку можности, овде можете да изберете програм како Gmail, или Yahoo или некој друг за кој ќе се одлучите да биде вашиот основен програм.

Во постапката може да се случи да не ги видите можностите како на сликата. Како можна причина за тоа е некој инсталиран plugin, како на пр. TabMixPlus. Совет пробајте привремено да го исклучите овој plugin и проверете дали тогаш се јавува Gmail во прикажаните опции. Исто така причината може да е верзијата на Firefox која ја користите па најновата верзија на Firefox можете да ја превземете овде.