Безбедност на Web Aпликациите

 

ХАКЕРИ НА ИНТЕРНЕТ

 

bezbednost na web

Bezbednost na web aplikacii

Хакери на Интернет се чини дека поминаа деновите на барање слава, преку саботирање на презентациите на познатите компании.

Денешните криминалци се многу поопасни, а како крјна цел им е кражба на податоци и идентитет со исклучива намера за остварување на профит – ФИНАНСИСКА КОРИСТ. Следствено на трендот на порастот на безбедносните напади, стана јасен предизвикот за одржување на сигурноста на веб апликациите. Како би се избегнале потенцијалните катастрофалните последици за вашите веб презентации и работење, пожелно е да размислите на тестирање на слабостите на вашите веб апликации со помош на достапни адекватни алатки, пред тоа да го стори некој непожелен.

Многу компании па и домашни беа жртви на хакерски напади, оваа можете јасно да го утврдите со кратко пребарување по Интернет. Безбедноста на веб апликациите е една од најмалку обработената област во безбедноста на IT. Преку големите влогови во хардверската заштита само се прави привид на сигурност, бидејќи безбедносните пропусти во апликацијските делови се причина за преку 70% од безбедносните упади. IBM Rational AppScan е алатка понудена од страна на IBM со чија помош за кратко време можете да ја тестирате вашата веб апликација и ја утврдите нејзината ранливост, тоа е работа за која и на искусен тим би му било потребно извесно време на макотрпна работа.
 

Bezbednost na web aplikacii

Професија Хакер

Самата употреба на оваа алатка не бара некое посебно техничко предзнаење, бидејќи се што е потребно е url односно адресата на вашата веб апликација која сакате да ја тестирате и на кои видови тестови ќе ја тестирате. По извршениот внес на адресата, апликацијата ги врши зададените тестови.

И како резултат на извршеното скенирање добивате извештај за ранливоста на вашата веб апликација подредени по ранг листа со конкретни примери за можна злоупотреба.
Ако оваа IBM AppScan пронајде критични точки , ќе биде потребно да се позанимавате со најкритичните безбедносни слабости. Одстранувањето на пропустите некогаш и не бара големи промени, а за некои проблеми ќе треба да ја препуштите работата на искусни лица.

 

Ако ја сакате бесплатната demo верзија од оваа апликација можете да ја најдете на
следнава адреса: IBM AppScan